Фон дер Лајен: Работиме напорно да ја погодиме Русија онаму каде што боли

 

Европската Унија го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија, како одговор на нападот на Москва врз Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Работиме напорно да ја погодиме Русија онаму каде што боли, дополнително да ја затапи нејзината способност да води војна против Украина и денес можам да објавам дека работиме со полна пареа на деветтиот пакет санкции“, рече Фон дер Лајен за време на посетата во Финска, пренесе „Ројтерс“.

Таа најави дека е уверена дека глобалната граница на цените на руската нафта со Г7 и другите големи партнери ќе биде одобрена многу наскоро.

24.11.2022 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа