Фон дер Лајен избрана за водечки кандидат на ЕПП за изборите за ЕП

 


Со 400 од вкупно 489 валидни гласови, Урсула фон дер Лајен денеска е избрана за водечки кандидат на листата на Европската народна партија (ЕПП) за изборите за Европскиот парламент во јуни.

Гласањето се случи на вториот ден од партискиот конгрес во Букурешт. По објвувањето на резултатите во салата за состаноци беше пуштена химната на Европа „Ода на радоста“.

Партијата што ќе постигне најдобри резултати на изборите за Европскиот парламент по правило го назначува идниот претседател на Европската комисија. Испитувањата на јавното мислење ја ставаат Европската народна партија како прва политичка сила во перспективата на европските избори во јуни. 

-До изборниот ден остануваат 90 дена. ЕУ е највредното нешто кое треба да го зачуваме за идните генерации, рече фон дер Лајен на завршната прес-конференција. 

Таа повторно се осврна на некои надворешно политички теми, меѓу кои и таа за војната во Украина.

-Владимир Путин не треба да ја добие војната во Украина. Ќе застанеме покрај Украина на нејзините чекори кон Европа. Тоа е единствениот начин по кој можеме да ја сочуваме безбедна Европа, рече фон дер Лајен.

Таа ја нагласи неопходноста од повеќе инвестиции во европската безбедност.

07.03.2024 - 16:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега