ФК Вардар: Казна за националистичкото дивеење на „Шверцери“!

Прволигашот Вардар излезе со соопштение ден по градското дерби со Шкупи, во кое побара санкција кон навивачите на чаирчани, „Шверцери“, за национализам, пиротехника и недолично однесување на трибините.

  • Соопштението на ФК Вардар во целост

    „Како клуб, најостро го осудуваме вчерашното националистичко дивеење на домашните навивачи, во населбата Чаир.

За време на целиот натпревар, кон нашите фудбалери беа упатувани пиротехнички средства и навреди, а покрај тоа на трибините во неколку наврати беа истакнати силни националистички пораки, кои немаат никаква врска со спортот.

Недозволиви беа пораките, со кои се бара Скопје, главниот град на Република Македонија да стане главен град на друга држава. Тоа едноставно е недозволиво!

Покрај тоа, срамни беа и извиците и пораките, упатени на сметка на младото момче Никола Саздовски - Саздо, кое беше крвнички убиено од страна на навивачите од населбата Чаир. Поддршката која вчера ја добија убијците на Никола е нешто што апсолутно треба да биде осудено и санкционирано!

Секако, би сакале да истакнеме дека Управата на ФК Шкупи не пречека онака како што доликува, како што тоа ние го направивме на претходниот натпревар кога Вардар беше домаќин. Но, за жал вчера, наместо да доминира фудбалот и фер играта, доминираа политики кои апсолутно треба да бидат санкционирани!Веруваме дека МВР и ФФМ како надлежни институции најбрзо ќе реагираат и ќе ги превземат неопходните мерки, со цел ваквите испади никогаш повеќе да не се повторат“.

06.11.2023 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега