Финансиската полиција ќе врши проверки во М-НАВ

 

Од Управата за финансиска полиција за ТВ21 соопштија дека вршат проверки во Македонски навигации. Тие велат дека дејствуваат врз основа на извештајот што е направен.

„Според нашите надлежности, ние ќе извршиме проверки за да видиме дали има сомневања за кривични дела. Контролите ќе бидат направени во финансискиот дел, во процедурите и така натаму. Ќе постапиме според извештајот што е доставен и согласно надлежностите на Управата за финансиска полиција ќе извршиме контроли и увиди во работењето на М-НАВ“, рекоа од Управата за финансиска полиција.

На денешната Владина седница се очекува да бидат разрешени директорите на контролата за летање.

 

 

09.01.2024 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега