Фатени на дело: Четворица тетовчани затекнати при кражба во фабрика во Велес

Вчера во 19.20 часот во поранешна фабрика во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода  Ш.Н.(32), Б.Д.(47), А.Р.(21), сите од Штип и Е.К.(35) од Тетово. Тие биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во машинска работилница во фабриката.

Четирите лица биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

02.07.2024 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега