Фатен крадец - ќе издржува двегодишна затворска казна

На 31.03.2023 во 20.55 часот на бул."Трета македонска бригада" во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(43) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело "кражба" по  член 235 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Лицето било спроведено во надлежната казнено-поправна установа за  издржување на казната.

01.04.2023 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега