„Фајнанс Тинк“: Останува неизвесноста во македонската економија


Неизвесноста во економијата останува присутна и во четвртиот квартал од годинава поради тековниот бран од пандемијата, забавувањето на темпото на имунизација и појавата на нови соеви на вирусот, како и поради притисоците од растечките цени на храната и енергијата, кои се очекува да бидат присутни и во текот на следната година, оценува „Фајнанс Тинк“ во најновиот макроекономски извештај. 

„Фајнанс Тинк“ ја задржува проекцијата за растот на БДП за годинава на 4,1 проценти, а проекцијата за следната година според нив е 4 проценти.

Во извештајот се анализира и растот на БДП од 3 проценти во третиот квартал од годинава. Според Фајнанс Тинк“, ваквиот раст се должи на консолидацијата на економските текови и напредувањето на имунизацијата, но сепак, како што посочуваат, растот е остварен на се уште ниска споредбена основа од третиот квартал од 2020, во кој економијата се намали за 5,1 процент по владината интервенција за ублажување на ударот од пандемијата.

– Според дејности, растот во третиот квартал од 2021 е на широка основа, но со забележлив пад на преработувачката индустрија (-5.8%), поради изразените неизвесности во глобалната и домашната економија, сврзани со растечкото влијание на делта сојот од Ковид-19 и забавувачкото темпо на имунизација кон крајот од кварталот. Според тоа, и бруто инвестициитесе задржаа на нивото од пред една година (0.4%), додека извозот и увозот забележаа забавен раст (4.1% и 2.7%, соодветно).Јавната потрошувачка порасна за 4.9%, што е особено висок раст во контекст на намерата за фискална консолидација, но е во линија со продлабочувањето на буџетскиот дефицит со јулскиот ребаланс на буџетот (од 4.9% на 6.5% од БДП), се наведува во извештајот. 

Невработеноста во третиот квартал од годинава бележи благо намалување на 15,7 проценти, вработеноста бележи благо зголемување, од 47,3 на 47,4 проценти, што, според  „Фајнанс Тинк“ упатува на тоа дека неизвесноста во економијата го засилила својот притисок врз пазарот на труд споредено со претходните квартали. Во третиот квартал, како што се посочува, евидентно е понатамошното губење работни места во преработувачката индустрија (околу 3,000 во однос на вториот квартал), стагнацијата кај угостителството (ист број работници) и консолидацијата во транспортот (креирани 6,500 работни места) и трговијата (3,800)

09.12.2021 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега