Facebook ќе ја пушти во оптек својата криптовалута

 

Фејсбук и неговите партнери се подготвуваат да ја издадат крипто валутата либра веќе во јануари следната година, објави денеска Фајненшл тајмс, повикувајќи се на три информирани извори.

Во април, Здружението Либра објави дигитални верзии на неколку валути и дигитален амалгам на сите свои крипто-валути, откажувајќи се од првичниот амбициозен план за создавање синтетичка крипто валута под влијание на воздржаните реакции од регулаторите и владите.

Тие планови сега се одложени и во јануари следната година треба да им се издадат само либри, фиксирани во паритет за доларот, под услов да добие дозвола од швајцарскиот регулатор, пишува FT повикувајќи се на неименуван извор врз основа на плановите на група од 27 компании.

Седиштето на здружението е во Женева, а покрај Фејсбук, нејзини членови се и Uber, Spotify и Lyft.

Регулаторите реагирале воздржано на амбициите на Фејсбук и неговите партнери затоа што се плашат дека тоа ќе ја загрози стабилноста на финансиските системи и ќе ја наруши моќта на централните банки да создаваат пари и да управуваат со девизниот курс.

Здружението не одговорило веднаш на барањето на Ројтерс да го коментира извештајот на лондонскиот деловен весник. Швајцарскиот регулатор само потсетил на изјавата во април со која се потврдува дека добиле барање за користење на либра во трансакциите за плаќање.

Крипто-валутите се фиксни на стандардните валути за да се избегнат големи флуктуации на вредноста, заеднички за дигиталните валути како што е биткоинот и да се олесни нивната употреба при плаќања и трансферите на пари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега