Европската комисија предупредува: Мета ги крши антимонополските закони
Европската Комисија објави дека ја предупредила Мета, матичната компанија на Facebook, дека ги прекршува европските антимонополски закони со тоа што ја нарушува пазарната конкуренција во онлајн рекламирањето.
Во прелиминарната ревизија, Комисијата најави дополнителна истрага. Доколку се најдат доволно докази за прекршување на правилата на ЕУ, Комисијата може да изрече парична казна во вредност до десет отсто од годишниот глобален промет на компанијата.
„Тврдењата на Европската комисија се неосновани. Ќе продолжиме да работиме со регулаторните тела за да покажеме дека иновациите на нашите производи се фокусирани на потрошувачите и на конкуренцијата“, одговори портпаролот на Мета, Тим Ламб.
Европската управа за конкуренција започна истрага против Фејсбук во јуни минатата година, фокусирајќи се на тоа дали социјалната мрежа неправедно ги користи податоците на огласувачите за да се натпреварува со нив во секторот за онлајн огласи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа