ЕУ предупредува: Социјалните мрежи да се подготват за ризик од емитување „екзекуции во живо“ на Хамас

 

Комесарот за внатрешен пазар на Европската унија, Тиери Бретон, ги предупреди социјалните мрежи да се подготват за ризикот од емитување „екзекуции во живо“ од страна на палестинскиот Хамас.

„Како дел од нашата интеракција со платформите, конкретно побаравме од нив да се подготват за ризикот од егзекуции во живо од Хамас, ризик од кој треба да ги заштитиме нашите граѓани. Бараме гаранции дека платформите се добро подготвени за такви можности“, рече Бретон за време на говорот во Европскиот парламент, пренесува Си-Ен-Ен.

Портпаролот на бригадите на Хамас, Ал-Касам минатата недела изјави дека Хамас ќе започне со егзекуција на цивилни заложници и ќе ги емитува на социјалните мрежи и медиумите доколку Израел ги таргетира цивилите во Газа без предупредување.

„Со егзекуција на цивилни заложници, што ќе ги емитуваме во аудио и видео, ќе одговориме на секој израелски напад без предупредување врз нашите цивили во нивните домови“, рече портпаролот на Хамас, Абу Обаид во аудио изјава емитувана во понеделникот на „Al Jazeera Arabic“.

„Со укажување на одговорноста на платформите и нивните извршни директори во управувањето (или недостатокот на управување) со нелегалната содржина што ја дистрибуираат, испраќаме многу експлицитен сигнал: работите се сменија во Европа. Постои закон што мора да се почитува “, рече Бретон и посочи дека начинот на кој платформите одговараат на прашањата на Комисијата да бидат вклучени во досиејата за нивната усогласеност со обврските што произлегуваат од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА).

Овој закон, според појаснувањата, е донесен со цел да се создаде побезбеден дигитален простор во кој се штитат основните права на корисниците и да се воспостават еднакви услови за бизнис.

19.10.2023 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега