ЕУ ја договори горната цена на гасот на 180 евра за мегават час

 

Министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ се договорија, механизмот за ограничување на цената на гасот да се активира кога цената ќе достигне 180 евра за мегават час.  Ограничувањето е најновиот обид на ЕУ да ги намали цените на гасот, што ги зголеми сметките за енергија на граѓаните и доведе до рекордно висока инфлација оваа година, откако Русија го прекина најголемиот дел од испораките на гас во Европа.

На минатонеделниот состанок министрите за енергетика не успеаја да се договорат за ограничувањата на цената на гасот, бидејќи предлогот на Комисијата што предвидуваше превисока горна цена на гасот беше неприфатлив за повеќето земји-членки.

Чешката Република како актулен претседавач со ЕУ, на средбата дојде со нов предлог според кој механизмот би се активирал кога цената на гасот за период од три дена ќе достигне 188 евра за мегават-час.

19.12.2022 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега