ЕУ и нуди на Кина бесплатни вакцини против корона
ЕУ ѝ понуди на Кина бесплатни вакцини против коронавирус, соопшти извршното тело на Европската унија, бидејќи бројот на заразени луѓе во Кина се зголеми откако Пекинг ја олесни политиката за „нула случаи“.
Кина се уште не одговорила дали ќе ја прифати понудата, изјави за новинарите на редовен брифинг портпаролот на Европската комисија. Тој не го прецизираше количеството вакцини што ги нуди ЕУ или производителите.
„Со оглед на ситуацијата со Ковид во Кина, комесарката за здравство Стела Киријакидес им се обрати на своите кинески колеги да им понуди европска солидарност и поддршка. Тоа вклучува експертиза за јавното здравје, како и донации на вакцини од ЕУ прилагодени на варијанти на вирусот“, рече Европската портпарол.
На прашањето дали ќе ја прифати понудата на Европската унија, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг избегна директен одговор, за Ројтерс изјави дека стапката на вакцинација и капацитетот за третман во Кина продолжуваат да растат и дека нивните резерви се соодветни.
Таа рече дека Кина е отворена за зајакнување на солидарноста и соработката со меѓународната заедница за подобро справување со нејзините пандемични предизвици, иако земјата може да го вакцинира секој што сака.
Здравствените експерти на Европската Унија денеска требаше да се сретнат за да разговараат за состојбата со коронавирусот во земјите членки пред уште еден собир на кој претставниците на владите на Унијата ќе разговараат за заедничкиот пристап на Унијата кон патниците од Кина,пренесе Индекс.хр.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа