ЕСМ не се јави на тендерот на ЕВН, струја за граѓаните ќе се увезува од странство, а сметките ќе растат
На тендерот на универзалниот снабдувач за обезбедување на струја за граѓаните за следната година, државната ЕСМ не даде понуда, дознава Сител.
Согласно законот за енергетика, државните електрани имаат обврска да покријат 60 проценти од потребните количини за домаќинствата. Со ова дополнително се проблематизира работата со електричната енергија, бидејќи сега согласно законот ЕВН ХОУМ (Универзалниот снабдувач) ќе мора потребните количини да ги обезбеди од увоз на струја по рекордно високи цени.
Како за илустрација, државната ЕСМ досега на ЕВН ХОУМ, струјата за домаќинствата му ја продаваше за 37 евра за мегават час, а сега ќе мора да ја купи за над 200 евра за мегават час. Вообичаено компанијата за да ја држи ниска цената за граѓаните, ја нудеше својата електрична енергија по дампинг цена. Со ова станува се поизвесно дека цената за домаќинствата од јанаури ќе се зголеми двојно.
Инаку, тендерот беше распишан на 2 ноември согласно законот кога требаше да се обезбеди струја за домаќинствата за 2022 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа