ЕСМ набавува возила од околу 2,5 милиони евра
Државната компанија есм набави 82 возила за околу 2,5 милиони евра. Податоците од платформата за јавни набавки покажува дека за службени цели ЕСМ се поднови со нови возила од марките дачија и пежо кои од компанијата велат дека им се неохопдни за работа.
Во огласот кој е отворен за јавноста може да се забележи дека возилата како дополнителна опрема треба да имаат сензори за паркирање и дожд, камера за паркирање, погон на сите четири тркала, лед светла, систем за контрола на мртов агол.
Оваа набавка на нови патнички возила доаѓа во време кога и натаму државната фирма под наем зема механизација за работа во Рударскиот комбинат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа