Ескобар: Не сум тука да правам тортура, сакам да ги слушнам гледиштата на ВМРО-ДПМНЕ

 

На новинарско прашање што ќе му каже Ескобар на Мицкоски на нивната средба која што треба да се случи денеска, тој со насмевка одговори дека во никој случај нема да врши тортура.

„Сакам да кажам дека нема никого да го подложувам на тортура овде, сакам да посочам дека САД не избира Влади за земјите на НАТО но поставуваме очекувања и единствената работа за која ќе зборувам е да ја дадам истата порака која ја ширам во регионот, дека САД ги гледа како природни партнери они кои што се посветени на европската интеграција, НАТО и борбата против корупцијата. И сакам тоа јасно да го посочам, но исто така сакам да слушнам и други гледиша, се надевам дека ќе имаме повеќе да и кажеме повеќе на јавноста“, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

25.08.2023 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега