Ердоган: Израел мора да одговара за воените злосторства извршени во Газа

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека Израел мора да одговара пред меѓународните судови за воените злосторства што ги изврши во Газа.

Како што пренесуваат британските медиуми, Ердоган во телефонскиот разговор, пред состанокот на Советот за безбедност на ОН за Газа, закажан за утре, му кажал на Гутереш дека „Израел продолжува бесрамно да го гази меѓународното право, правилата на војната и меѓународното хуманитарно право, пред меѓународната заедница“.

-Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, како дел од таканаречената „контакт група“ на муслимански земји кои разговараат со западните лидери за Газа, ќе присуствува на утрешниот состанок во Њујорк, соопшти претходно Министерството за надворешни работи.

По нападот на Хамас врз јужниот дел на Израел, на 7 октомври, еврејската држава почна воздушна и копнена офанзива против оваа и другите палестински милитантни групи во Појасот Газа, а досегашниот биланс на жртви е над 13.000 убиени Палестинци.

28.11.2023 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега