Еквадор, Јапонија, Малта, Мозамбик и Швајцарија се нови привремени членки на Советот за безбедност на ОН
Еквадор, Јапонија, Малта, Мозамбик и Швајцарија денеска беа официјално пречекани како нови привремени членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Овие земји беа избрани за привремени членки на Советот за безбедност на ОН во следните две години без ниту еден глас против, пренесува АП.
Во традицијата што ја започна Казахстан во 2018 година, амбасадорите на овие пет земји денеска ги поставија своите национални знамиња пред салата на СБ покрај знамињата на другите земји-членки.
03.01.2023 - 21:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа