Експлозија во близина на Москва, едно лице загина, над 50 се повредени

 

Едно лице загина, а повеќе од 50 се повредени во експлозија што се случи денеска во фабриката за оптички уреди во градот Сергијкев Посад, кој се наоѓа на 50 километри североисточно од Москва, соопштија локалните власти.

Службите за итни случаи објавија дека експлозијата се случила во магацин со пиротехничка опрема, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.

Андреј Воробјов, гувернер на Московската област, изјави дека локацијата е изнајмена на приватна компанија и дека е покрената кривична истрага за можно кршење на безбедносните процедури.

Тој рече дека оштетени се 38 објекти во околината, како и две училишта, спортски комплекс и продавница.

ТАСС известува дека службите ги отфрлаат раните извештаи дека експлозијата била предизвикана од напад на беспилотно летало.

Во последните неколку недели, Москва и нејзината околина беа честа мета на беспилотни летала кои Русија и ги припишува на Украина.

Воробјов рече дека 30 лица завршиле во болница, од кои шест на интензивна нега, а на други 26 лица им биле укажани полесни повреди.

Фабриката Загорск произведува оптичка опрема за индустријата и здравството, како и за руската армија. ТАСС пишува дека во тек е голема спасувачка операција во која учествуваат повеќе од 150 луѓе, а други руски агенции пишуваат дека во областа е прогласена вонредна состојба.

09.08.2023 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега