„Експлодираше како бомба“: Граѓани сведочат за земјотресот во Хрватска

 


По денешниот земјотрес со јачина од 3,0 степени што ја погоди Хрватска, со епицентар на 11 километри од Задар, бројни граѓани се јавија да ги споделат своите искуства на веб-страницата на EMSC.

Она за што многумина се согласија е дека земјотресот се слушнал како гласен шум и татнеж, а оние што биле поблиску до епицентарот велат дека „експлодирал како бомба“.

„Се тресеше многу“, „Се тресеше и се тресеше многу“, „Малку нишање и татнеж“, „Експлодираше како бомба“, се некои од коментарите што Хрватите ги оставија на веб-страницата на EMSC.

„Задар, гласен шум како експлозија“, напиша еден корисник.

Да потсетиме дека хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 16 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

10.06.2025 - 10:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега