Ефтим Руменовски прв до светиот крст во Берово

Ефтим Руменовски е најсреќниот меѓу дваесетмината учесници, кој го фати светиот крст во водите на реката Брегалница во Берово.

Денешното чествување на големиот христијански празник, Богојавление- Водици и чинот на осветување на водите го водеа свештеници од црквата во Берово, а од Буџетот на Општина Берово, за среќниот учесник кој го фати крстот, обезбеден е вредносен ваучер од 10.000 денари. 

Прв на среќниот фаќач на крстот му честиташе градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

-Посакав многу среќа и успех на најсреќниот, да го прати здравје, среќа и успех следната година. Честитки за сите, кои земаа учество при положувањето на светиот крст, во водите на Брегалница, рече Пекевски.

Освен од Општината, награди за најсреќниот беа обезбедени и од повеќе приватни компании.

Празникот Водици (Богојавление), народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден, Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа, на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството, истакнаа од беровското свештенство.

19.01.2024 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега