Една локомотива се поправаше скоро две недели: Тргна возот за Битола

По десет дена поправање на расипаната локомотива и уште три дена претходно поради штрајк на машиновозачите, Битола денеска се поврза со Скопје со единствената возна линија. Возот за Скопје тргна во 3.10 часот по полноќ, откако вчера доцна попладнето стигна локомотивата со вагоните од Скопје.

Попладнево во 14.30 часот, возот за Битола тргна од Железничката станица во Скопје.

Патниците од Велес, Прилеп Битола, Скопје и попатните станици бараат од Железницата повторно да ги врати и другите два воза, кои сообраќаа на оваа релација Скопје-Битола и обратно, а кои беа укинати пред околу два месеци.

Па така, Македонска железниоца може да се „пофали“ дека некако ја одржува оваа возна линија. Но Железница е во речиси тогален колапс бидејќи нема доволно локомотиви, пругите се во истрошена состојба поради што се вози бавно и со чести и големи доцнења. Одамна низ Македонија не сообраќаат меѓународни возови, а пруга државава нема воопшто со две од соседните земји, со Албанија и Бугарија.

И компаниите тргпат големи штети ппради неефикасниот превоз со товарните возови, а од друга страна, најголеми штети сега трпат големите компании бидејќи пругата меѓу Гевгелија и Скопје е во прекин поради напукнати столбови на железничкиот мост кај Стоби.

24.11.2023 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега