Џенифер Анистон има молба до фановите на „Пријатели“

Џенифер Анистон има посебна порака за фановите на „Пријатели“ кои сакаат да му оддадат почит на нејзиниот покоен колега, Метју Пери, кој ја играше улогата на Чендлер.

Анистон беше прашана како би сакала фановите на серијата на најдобар начин да се простат од славниот Чендлер.

„Славете го. Ве молам, славете го неговиот лик и дело“, изјави Анистон.

Според наодите од обдукцијата, Пери почина на 28 октомври во својот дом во Лос Анџелес од акутни ефекти на кетамин.

Имаше 54 години.

16.01.2024 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега