Џафери со порака до тие што немаат пасош: Извадете си !

Техничкиот премиер Талат Џафери им порача на граѓаните да си извадат нови документи ако сакаат да патуваат.

На новинарско прашање, каква порака ќе им упатите на 650.000 граѓани кои од денеска нема да можат да ја напуштат државата бидејќи немаат пасош, Џафери вели дека нема сите 650.000 денеска да излезат од Македонија.

„Сукцесивна работа треба да биде сукцесивна работа. Навремено и самите граѓани треба да се најават, да одат во подрачните единици на МВР“ – рече Џафери.

Техничкиот премиер веројатно заборавил дека со месеци се чека во подрачните единици на МВР а службите немаат ниту персонален ниту технички капацитет да одговорат на брањата на граѓаните.

13.02.2024 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега