Џафери: Од моментот кога ќе настапат моите надлежности ќе постапувам согласно прописите
Собранискиот спикер Талат Џафери вели дека според роковникот недела е денот кога треба да се заврши целата постапка за техничка влада согласно Законот за Влада, согласно Уставот и Пржинскиот договор.
-Информиран сум за она што ќе се случува затоа што сум дел од тие планирања за спроведување на техничката влада. Претседалот на собранието е координатор меѓу властите. Имавме соодветна координација со Премиерот за да усогласиме термини, рокови, постапки кои што треба да се спроведат. Постапките ќе следат една по друга. Ќе постапувам согласно прописите од моментот кога ќе настапат моите надлежности- изјави Џафери.
На новинарското прашање дали на Џафери ќе му пречи доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат за новата техничка влада тој одговори дека по дефиниција пратеникот е слободен во волјата и во одлучувањето. Тој дополнително додаде дека нема да биде првпат да гласаат или да не гласаат.
-Во два мандати сум избран претседател на Собранието. Не менувало ништо во односите наши тоа што гласале или не гласале. Ако се раководиме по таа логика тогаш би требало да ни пречи и фактот кој граѓанин како гласал на избори па да „ловиме во матно“ – посочи Џафери.
Тој вели дека техничката влада е воспоставена со договорот од Пржино и таму е дефинирано дека од изборите во 2016 и последователно кои и да се избори во иднина предвремени и редовни ќе се применува принципот привремена техничка влада за да се обезбеди прифатливост на изборниот процес, да биде усогласено учеството на сите во подготовката и спроведување на изборите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа