Џафери му објаснувал на Ѓека како државата се спрема за уставните измени

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го прими министерот на Црна Гора за човекови и малцински права, Фатмир Ѓека. На средбата присуствуваше и Арбана Пашоли, претседателка на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Од соопштението на претседателот на Собранието испратено до медиумите е потенцирано дека Џафери му објаснил на Ѓека како државата се спремала за уставните измедни, за наесен да се исполни условот за продолжување на преговорите со ЕУ.

„Соговорниците констатираа дека добрите меѓусебни односи можат да се подигнат на повисоко ниво и да се прошират со динамизирањето на контактите на билатерален, регионален и мултилатерален план.Процесот на интеграција во Европската унија беше оценет како одлична шанса за размена на мислења и искуства за подобрување на можностите на двете земји на патот кон ЕУ.

Претседателот Џафери го запозна високиот гостин со процесот на подготовка на уставните измени во кои треба да се вклучат сите политички сили, за да наесен се исполни условот за натамошно продолжување на преговорите“, информираат од Собранието.

„Гостите беа информирани и за надлежностите, структурата и работата на Комитетот за односи меѓу заедниците. Министерот Ѓека, од своја страна, зборуваше за состојбата во Црна Гора во врска со човековите права, за односите со соседите и земјите од регионот, како и за актуелните претседателски избори таму“, се додава во соопштението испратено до медиумите.

30.03.2023 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега