Џафери ги обвини граѓаните: Па аплицирајте ако сакате пасош

Граѓаните ако сакаат да извадат пасош нека аплицираат вели Џафери. Според него, има доволно време до изборите оние 100.000 кои немаат пасоши да ги извадат за да може да гласаат, но како што вели мора да аплицираат прво.

Имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите, со оваа динамика 100те илјади што се вртат информациите, луѓе што немаат документ, со оваа динамика во текот на март месец ќе можат сите да се опремат со соодветни документи, но мора да иницираат барање“ – рече Џафери.

Но Џафери веројатно никогаш во животот сам не аплицирал за пасош, а во ова време веројатно се нема ниту доближено до пунктовите за сликање и издавање документи. АКо сега некако успеете да закажете пасош и добиете термин пред почетокот на летото можете да се сметате за среќен човек. Но тоа не значи дека ќе имате веднаш пасош, бидејќи за изготвување на пасош се уште чекаат луѓе кои што се сликале во текот на минатата година

06.03.2024 - 14:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега