Двојно е зголемен бројот на мигранти кои пристигнуваат со бродови во Италија

 

 

Повеќе од 100.000 мигранти пристигнале во Италија со брод оваа година, објави Рим, што е повеќе од двојно повеќе од лани.

Од почетокот на годинава до овој вторник во Италија со брод пристигнале 100.938 лица, наспроти 48.295 во истиот период во 2022 година, се вели во извештајот на МВР на Италија.

Министерството соопшти дека во оваа бројка се вклучени 10.290 малолетници без придружба, што е највисока бројка за тој период од 2017 година. Доколку продолжи тој тренд на пристигнувања, вкупниот број на мигранти за годината би можел да го надмине рекордот од 2016 година од 181.000 луѓе.

Оваа година најмногу мигранти дошле од Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска, Египет и Тунис.

16.08.2023 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега