Две средни училишта од Велес и Струмица се трансформираат во Регионални центри за стручно образование и обука
Владата на Република Северна Македонија на денешната 198-та седница донесе одлуки за трансформирање на средните општински училишта „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес во Регионални центри за стручно образование и обука.
Со тоа, како што информираат попладнево од владината прес-служба, бројот на Регионални центри за стручно образование и обука во државата се искачува на вкупно пет.
07.11.2023 - 22:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа