Дванаесет министерства во Норвешка цел на хакерски напад

 

 

Дванаесет норвешки министерства беа погодени од сајбер напад, соопшти норвешката влада. Тоа е последен во серијата напади врз јавниот сектор на најголемиот европски снабдувач со гас и најсеверната членка на НАТО.

„Идентификувавме слабости во платформата на еден од нашите добавувачи. Тоа сега е решено“, рече Ерик Хоуп, шеф на владината агенција за услуги во министерството.

Нападот беше забележан на 12 јули благодарение на „невообичаениот“ сообраќај на платформата на добавувачот. Сајбер нападот е предмет на полициска истрага.

„Рано е да се каже кој стои зад тоа и колкава штета предизвика овој сајбер напад“, рече Хоуп. По падот на испораките на руски гас, Норвешка сега е најголемиот снабдувач на гас во Европа на најголемиот извозник на нафта во Западна Европа.

Кабинетот на премиерот и министерствата за одбрана, правда и надворешни работи не беа погодени од нападот бидејќи користат различни ИТ платформи, објасни Хоуп.

Норвешкиот јавен сектор и претходно беше цел на сајбер напади.

Бројот на сајбер напади во таа земја тројно се зголеми меѓу 2019 и 2021 година.

24.07.2023 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега