Двајца прилепчани фатени на дело додека извршуваат тешка кражба
Полициски службеници од ОВР Демир Хисар вчера во демирхисарското село Железнец ги лишиле од слобода О.М.(30) и Е.Ш.(36), двајцата од Прилеп откако ги затекнале при вршење тешка кражба.
- Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ во каменолом во атар на с.Железнец.
За настанот бил известен јавен обвинител, а од нив биле одземени предмети поврзани со кривичното дело, информираат од МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
29.07.2024 - 11:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа