Двајца охриѓани бутнале девојка од тераса - ќе одговараат за убиство во обид
32-годишник заработи кривична пријава откако во петокот турнал жена од тераса во Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишниот А. Д. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид, како и против 21-годишниот Е. М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање, извести СВР Охрид.
„На 8.3.2024, околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата Карпош Војвода во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија, ја турнал М. О. (39) од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата ‘Св. Еразмо’ во Охрид, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот Е. М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело“, соопшти СВР Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа