Два активни пожари на територија на Велес
Центарот за управување со кризи информира дека на територија на општина Велес активен е уште еден пожар меѓу селата Караслари и Црквино над месноста викана Венуле каде гори сува трева и шума.
Интервенираат четворица пожарникари со едно противпожарно возило, а известени се и од Јавното претпријатие „Македонски шуми ШС Бабуна“.
Како што стои во информацијата од ЦУК, вработените од ова претпријатие не излегле на терен бидејќи возилата не биле исправни и регистрирани.
- Побарана е и воздушна подршка од страна на градоначалникот на Општина Велес, за која во координација со Хеликоптерската единица во МВР поради извршување на оперативни задачи за потребите на МВР ќе се процесуира после 12:30 часот, веднаш кога ќе се ослободат хеликоптерите, велат од ЦУК.
Од вчера на територија на Велес активен е уште еден пожар меѓу селата Отиштино и Оризари кој го гаснат четворица пожарникари со едно противпожарно возило
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа