Дури 650 сметководители со одземени лиценци три месеци чекаат одговор од Финансии

Група од 650 професионални сметководители со одземено право на работа тврди дека три месеци чекаат одговор од Министерството за Финансии по поднесената претставка и се спречени да работат во период кога се изготвуваат завршните сметки.

Сметководителите се жалат дека ИСОС – Институт за сметководители и овластени сметководители донел правилник кој е спротивен на законот, и штетен за сите книговодствени бироа. Во низата обвинувања, оваа група сметководители тврди дека Институтот не функционира веќе четири години, а ги задолжил со чланарини што требало да ги плаќаат ретроактивно од 2018 година, но и барања за дополнителни давачки, а сето тоа под закана дека во спротивно ќе им бидат одземени лиценците за работа.

За новиот закон за сметководствено работење од септември 2022 година, велат дека бил експресно изгласан со европскo знамеце и низа пропусти. Објаснуваат дека ако порано имале право да вработат овластен сметководител за цели на финаниско работење, сега мора управителот да биде на цело работно време и да е овластаен, инаку ќе им бидат одземени лиценците. Блокирано им е поднесувањето завршни сметки, па поднеле иницијатива до Уставниот суд која паднала.

Сметководителите тврдат и дека кога побарале средба во ИСОС не биле удостоени со прием.

„Макфакс“ посочи на укажувањата и обвинувањата на оваа група на сметководители до ИСОС, од каде што очекуваме одговор.

ИСОС пред две недели објави дека го закружува процесот на ажурирање и објавување на регистрите на професионални сметководители, со цел да се овозможи целосна имплементација на одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи. Оваа фаза од процесот ќе заврши со објавување на конечниот ажуриран регистар на овие друштва, што ќе се случи на 15 јануари 2024 година.

05.01.2024 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега