ДУИ: Извештајот на ЕК ја докажува нашата посветеност на патот кон ЕУ
Демократската унија за интеграција го поздравува извештајот на Европската комисија.
Демократската унија за интеграција го поздравува извештајот на Европската комисија, кој потврдува дека и покрај опструкциите и блокадите од опозицијата, како и енергетските, безбедносните и финансиските кризи, Македонија ги исполнува условите да го продолжи патот кон членството во Европската Унија.
Според извештајот на ЕК, постигнат е напредок до 81% од поглавјата и нема назадување во ниту едно поглавје, а што се однесува до подготвеноста на поглавјата има соодветно ниво на подготвеност до 90%.
Демократската унија за интеграција оценува дека извештајот на Европската комисија јасно покажува дека главните пречки за напредок се токму опозициските партии кои ги блокираат уставните измени и европскиот пат на земјата.
Забележан е голем напредок и поради фактот што Европската Унија го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан и со овој план нашата земја има една милијарда евра на располагање и продолжува со реформите и процесот на интеграција, по пет месеци ќе го имаме првиот трансфер од овој нов Пакет.
Демократската унија за интеграција и во оваа прилика апелира до сите политички чинители, академскиот свет, граѓанското општество и медиумите да придонесат земјата успешно да го заврши новиот најголем предизвик од независноста, бидејќи нема друга алтернатива за да има поперспективен живот за сите нас, се наведува во партиското соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа