Дуа Липа се соочува со трета тужба за Levitating
На Дуа Липа ѝ се заканува трета тужба за иста песна.
Поп-ѕвездата наводно никогаш не добила дозвола да вклучи снимка од музичар во ремикс на својот мегахит Levitating.
Во тужбата е наведено дека пејачката незаконски користела снимка од т.н. ток-бокс од своја песна за последователни ремикси.
Музичкиот продуцент Боско Канте, кој поднесе повеќемилионско барање за авторски права во понеделникот во Лос Анџелес, тврди дека пејачката и „Ворнер мјузик груп“ незаконски користеле снимка направена со негов ток-бокс во ремикси на најпопуларната песна од нејзиниот албум Future Nostalgia од 2020 година.
Канте тврди дека три ремикси на песната на британската пејачка вклучиле негова снимка и со тоа ги прекршила неговите авторски права и практично го украла неговиот дел за својата песна.
Понатаму, тој смета дека врз база на своите снимки има право на повеќе од 20 милиони долари од профитот на конкретната песна.
Канте наведува усно склучен договор како доказ дека само дел од снимката што ја направил со својот паметен часовник може да се користи во оригиналната снимка на песната. Канте вели дека го создал електро-спит ток-бокс – уред што се носи околу вратот и е поврзан со телефон или синтисајзер, што може да ги претвори гласовните вибрации во звуци слични на инструменти.
Музичкиот продуцент Стивен Козменук, кој ги продуцира некои од најголемите хитови на Дуа Липа, му пристапил на Канте во 2019 година за создавање на песната Levitating, според тужбата. Тие наводно усно се согласиле на лиценца, која предвидува снимката да може да се користи само на оригинална песна, а не и на ремикси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа