Државен инспекторат за животна средина: „Титан УСЈЕ“ за 5 дена да почне да се грее на гас, а не на мазут

 

Во рок од 5 дена цементарницата „Титан УСЈЕ“ да почне да се грее на гас, а не на мазут, наложува населението кое беше издадено денеска од страна на Државниот инспекторат за животна средина, пренесува Сакамдакажам.мк.

Министерството за животна средина на 3 и 4 јануари извршило мерање на емисија на гасови и прашина од оџаците на печките за клинкер, емисија на гасови од оџакот на котларата за парно греење и амбиентниот воздух во кругот на цементарницата. Било констатирано дека котланата за загревање на деловните простории наместо на гас работи на мазут и има надминувања на дозволени параметри.

 

„Во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати во котларата за загревање на фабриката да користи природен гас како гориво, согласно добиената А-Интегрирана еколошка дозвола и да се изведе соодветен приклучок за вршење мерење на емисии со акредитрана метода. Да се изврши мерење на емисија на гасови од емитерот-оџакот на парниот котел кој ќе биде во функција. Да се направи мониторинг на сите емисиони точки од производните процеси со акредитирана лабораторија за животна средина во присуство на Државен инспектор за животна средина“, се наведува во решението од Инспекторатот за животна средина.

13.01.2023 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега