Државата ќе мора да бара „амин“ од Грција ако сака да го пролонгира рокот за вадење лични документи

Државата ќе мора да бара „амин“ од Грција да дозволи пролонгирање на рокот за промена на личните документи. Премиерот Димитар Ковачевски не сакаше да ги коментира редиците и чекањата со денови пред пункотивите за фотографирање за нови документи. Но рече дека ќе се консултира со двајца министри. Го упати и претседателот на државата, Стево Пендаровски да се јави кај неговата грчка колешка за да побара разбирање за ова прашање.

-Заради тоа што многу голем број на граѓани треба да го исполнат условот за промена, треба да се консултирам со двајца министри со кои разговарал претседателот. Верувам дека и тој може да се чуе со претседателката на Грција. Ќе поразговараме на седница на Влада за можноста ова да се направи. Претседателот Пендаровски најдобро знае, бидејќи тој беше координатор за НАТО кога се склучуваше договорот. Има опции како да се реши тоа, рече Ковачевски.

Појаснува дека не било едноставно да се направат законски измени оти договорот од Преспа е меѓународен.

-Ова е обврска која произлегува потпишан меѓународен договор. Меѓународен договор кој овозможи да станеме членка на НАТО. Не можете да кажете дека Владата нешто направила, тоа се уставни измени менувани во Собранието. Владата може да направи олеснување на тој процес, МВР отвори поголем број на пунктови, определи поголем број на вработени кои работат. Треба очигледно уште повеќе. Еве да видиме дали можеме да направиме законски измени, рече Ковачевски.

10.01.2024 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега