Драма во училиште: Станала директорка со лажен сертификат на англиски

 

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 49-годишната Т. К. од Скопје и 56-годишната С. К. од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.

Пријавената Т. К., вработена во основно училиште во с. Драчево, Скопско, и пријавената С. К., вработена во Општата болница во Дебар, набавиле лажни меѓународни сертификати за познавање англиски јазик, издадени од училиште за јазици од Република Бугарија. Т. К. го употребила сертификатот при аплицирање на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во с. Драчево по што со решение на градоначалникот на општина Кисела Вода била именувана за директор во училиштето“, велат од МВР.

На сличен начин С. К. го употребила сертификатот за познавање англиски јазик при пријавување на конкурс за именување директор на ЈЗУ Општа болница – Дебар по што од министерот за здравство била именувана за вршител на должноста директор на ЈЗУ Општа болница – Дебар.

14.02.2024 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега