Драма во скопски Центар: 39-годишник натепал пензионер
Почетокот на месецов во Скопје повторно почнал со физички пресметки на подрачјето на Центар. 39-годишен скопјанец се степал со пензионер, по што морала да интервенира и полицијата.
„На 01.10.2023 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(39) и А.Х.(66), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во соопштението на МВР доставено до медиумите.
02.10.2023 - 16:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа