Драма во Штип: Млад штипјанец со пиштол се заканувал кон лица од Скопје

Вчера во 23.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.Д.(20) од с.Стар Караорман, штипско.

Според пријавеното, околу 21.30 часот на ул.„Сремски Фронт“ во Штип тој агресивно се однесувал кон лица од Скопје и им се заканил со пиштол. Лицето било задржан во полициска станица и од него бил одземен пластичен пиштол со метални додатоци.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

23.06.2024 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега