Доставувале дрога на затвореници со помош на дрон, приведени три лица


Инцидентот се случил во близина на затворот кој се наоѓа на четири километри јужно од градот Екс-ан-Прованс, во селото Луинес, пренесува „Фигаро“.

„Полицијата била известена за необична појава во близина на затворот Луинес. Беспилотно летало било над казнено-поправниот дом“, соопштија од полицијата.

Безбедносните сили го следеле сомнителното возилото кое набрзина го напуштило местото на настанот.

Возачот потоа застанал на коловозната лента на автопатот за да ги земе двајцата соучесници.

Полицајците нашле ранец со дрога и футрола за дронот.

Три лица на возраст меѓу 22 и 32 години се осомничени дека доставувале дрога на затворениците со помош на дрон.

Сите тројца се уапсени на автопатот.

Претходно францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен предупреди на трговијата со дрога во француските градови бидејќи се повеќе наркотици се доставуваат во Марсеј и други градови со скутери или автомобили од продавачите до потрошувачите.

16.04.2024 - 22:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега