Долги колони на граничниот премин „Богородица“

 

Долги колони на граничниот премин со Грција, покажуваат камерите преку состојбата се следи во живо.

Од видео надзорот во живо на Јавното претпријатие за државни патишта, може да се забележи дека од рано наутро има гужва на граничниот премин „Богородица“. Иако летната сезона е на самиот старт, се чини дека граѓаните веќе го користат топлото време и слободниот викенд за релаксација кај нашиот јужен сосед.

Според известувањето на АМСМ, заклучно со 8:30 часот, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

Оттаму велат, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 
08.06.2024 - 09:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега