Докторка во Германија доби отказ затоа што ја напуштила работата 28 минути порано

Германија се споменува како „ветена земја“ за здравствените работници од Балканот, но како функционира здравствениот систем таму покажува и случајот со докторката која доби отказ откако нејзините колеги пријавиле дека ја напуштила болницата во Хамбург 28 минути порано, откако била на должност 24 часа, а работела таму 23 години.

Франциска Шлосер ја тужеше болницата и доби 400.000 евра отштета.

„Не можам да дозволам обвинението да стои така. Не направив ништо лошо. Сега доаѓаат и ја конструираат оваа измама со работно време. Апсурдно е“, вели 54-годишната жена, а пренесува „Н1“

Докторката беше поддржана и од Marburger Bund (MB), најголемото германско лекарско здружение. Катарина фон дер Хејде е директор на МБ Хамбург и нејзина правен застапничка. „Вонредното разрешување не беше издадено навреме“, рече таа.

Шефот на болницата Филип Ветенгел изјави дека немаат намера да се борат против докторката.

„Рекоа дека си заминала порано. Изјавата на сведокот беше веродостојна. Но, не знам што точно се случи и сакам да завршиме со ова“, рече Ветенгел на судот во Хамбург.

Судот смета дека обвинувањата против докторката се неосновани. Сепак, по 23 години поминати во болница, деловниот однос меѓу неа и болницата заврши. Обвинението е повлечено, а Франциска Шлосер доби отпремнина, пишува магазинот Феникс.

Двете страни се договорија за спогодба: Франциска Шлосер ќе ја напушти болницата на 31 јануари и ќе добие отпремнина од 400.000 евра.

„Голем товар ми падна од срце бидејќи процедурата е завршена. Ќе се смирам малку, ќе земам воздух и ќе барам нова работа“, изјави таа во интервју за „РТЛ“.

24.01.2024 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега