Доколку ги играте овие видео игри ќе бидете среќни, тврдат научниците од Оксфорд
Истражувачите од Универзитетот Оксфорд откриле податоци кои покажуваат дека сите оние кои играат видео игри се посреќни од оние кои не го прават тоа.
Ова истражување покажало дека видео игрите може да бидат одлични за менталното здравје на луѓето.
Повеќе од 3.000 луѓе, постари од 80 години, биле субјект на ова истражување. Интересно е дека Универзитетот Оксфорд го базирал своето истражување на само две игри. Играчите одговарале на прашања како се чувствувале во текот и по играњето на тие видео игри.
Професорот Ендру Призбилевски, кој го предводел ова истражување, открил дека е изненаден од резултатите: "Доколку играте "Animal Crossing" четири часа дневно, секој ден, ќе бидете видно посреќни од некој што не го прави тоа. Но, тоа не значи дека токму играта "Animal Crossing" ќе ве прави среќни", истакнал тој.
Ова истражување укажува и на фактот дека оваа игра, како и "Plants VS Zombies: Battle for Neighborville" имаат друштвено-социјални аспекти, каде играчите можат да се среќаваат со други ликови кои ги контролираат други луѓе.
Призбилевски истакнува дека оние кои биле принудени да ги играат овие игри бидејќи на тој начин барале краткотрајно бегство од секојдневниот стрес, се помалку среќни и дека играњето на видео игри не успеало да го реши нивното незадоволство од реалниот живот.
"Потребни ни се повеќе истражувања на тема видео игри, повеќе играчи и повеќе време. Може и да направиме теорија околу малтретирањето или како луѓето градат нови пријателства. Се надевам дека ова буди љубопитност", заклучил овој научник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа