Дојче Телеком ги поврзува младите луѓе низ Европа со „Лето на радоста, младоста и слободата“
Во денешниот свет на зголемени економски, еколошки, образовни и општествени притисоци, младите навистина имаат многу грижи. Дојче Телеком верува дека уживањето во младоста е универзално право.
Затоа Телеком ги поканува младите да земат учество и да се поврзат преку илјадници бесплатни музички искуства низ Европа.
„Лето на радоста“ вклучува ексклузивни свирки со мала публика, поп-ап настани организирани од Electronic Beats и шанса да се освојат билети за некои од најдобрите европски фестивали (на пример, Colours of Ostrava, Electric Castle/Cluj-Napoca, како и Ohrid Calling и D-Festival во Македонија и INOTA Festival/Lake Balaton).
Музичката продуцентка и диџејка, Jayda G., номинирана за Греми, којашто е дел од оваа кампања, вели: „Музиката беше мојот спас додека растев. За да се заштити младинската култура, многу е важно да се обезбеди пристап до музички искуства во живо. И навистина се радувам што заедно со Дојче Телеком имаме задача да им овозможиме на младите бегство од притисоците коишто ги опкружуваат“. „Лето на радоста“ започнува со кампања - филм во стилот на музичко видео, во режија на наградуваното дуо BRTHR, коешто има работено со уметници како што се THE WEEKND, PinkPantheress и CHARLI XCX.
Заедно со Jayda G., кампањата обезбедува реинтерпретација на класичната приказна „Петар Пан“ на еден поинаков начин и за една сосема нова генерација.
Првото музичко искуство на отворено е во Виена, на локацијата „USUS am Wasser“, и нуди навистина врвни изведби на највозбудливите диџејски таленти од цела Европа, како: Jayda G., FIONA, Wolfram и уметници од виенските колективи „Grüß Dich Bussi Club“ и „Kein Sonntag ohne Techno“.
„Лето на радоста“ е новото поглавје на повеќегодишната програма кампањи на Дојче Телеком за поддршка на Генерацијата Z. Кампањата ќе биде фокусирана на дигиталните канали, со креатори од Генерација Z, за создавање оригинални и автентични содржини за социјалните платформи (на пример, TikTok, Instagram и Snapchat). За да дознаете повеќе за „Лето на радоста“ на Дојче Телеком и да побарате пристап до бесплатните музички искуства, посетете ја страницата: http://summerofjoy.electronicbeats.net/
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа