Дојава за бомба во Вишиот суд и Врховниот суд во Подгорица - зградите евакуирани
Зградата во која се сместени Вишиот суд и Врховниот суд во Подгорица е евакуирана поради дојава за поставена бомба.
На електронската пошта на Врховниот суд е испратена закана за бомба.
Специјалната полициска единица моментално врши проверка на просториите, а вработените ја напуштиле зградата, јавуваат подгоричките медиуми.
24.09.2024 - 11:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа