Дојава за бомба: Судовите и обвинителството на Црна Гора евакуирани

 

Зградата во која се сместени Врховниот, Апелациониот и Вишиот суд во центарот на Подгорица e евакуирана. Причина за истото е заканувачка порака за поставен експлозив, која стигнала на е – меил адресата на овие институции.

Високиот суд за Радио Слободна Европа потврди дека сите вработени ги напуштиле работните места и седиштето на институцијата, додека полицијата врши претрес во службените простории.

Истиот заканувачки меил е испратен и на адресите на Судскиот совет и на Обвинителството.

Полициската управа на Црна Горa сè уште нема соопштение за ова.

29.01.2024 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега