Договор за покачување на минимална плата не падна - разговорите продолжуваат во петок

 

Владата, синдикатите и работодавачите не постигнаа договор за синдикалното барање за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Вчера, по неколкучасовната расправа на седница на Економско-социјалниот совет, консензус имало единствено дека минималната плата треба да се зголеми, но не и за тоа колкаво треба да биде зголемувањето или на каков начин да се дојде до тоа.

-Имавме навистина конструктивен дијалог можеби никогаш невиден на нашите простори. Имаме консензус дека минималната плата ќе се зголеми. Дијалогот ќе продолжи во петок, после 16 часот. И ги уверувам сите граѓани коишто се во категоријата на приматели на минимална плата, дека наскоро ќе има консензус околу нивните покачени минимални плати. Но, кажавме, дека единствениот начин како да се стигне до достоинствена плата за нашите работници е креирање систем што е долгорочен, што нема да ги остави на волјата на една Влада, кога таа ќе сака или ќе има слух или на различните страни како што се синдикатите или организациите на работодавачи, рече вчера по седницата вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според него, треба да се зборува за креирање систем, механизам, кој и наредните години ќе осигура дека минималната плата навистина е достоинствена и, како што нагласи, веќе ќе заборавиме да зборуваме за минимална плата, туку за достоинствени плати на нашите работници.  

За тоа зошто не е постигнат договор и зошто се остави одлука да биде донесена во петок, вицепремиерот истакна оти станува збор за трипартитен дијалог помеѓу синдикати, Организација на работодавачи и Влада и оти во секој дијалог ако се сака да се дојде до консензус мора да се почне од некаде и да се стигне до одредено решение.

 

За претседателот на ССМ Дарко Димовски, предлогот што го дале работодавачите на крајот од денешната седница е само обид да купат време.

03.02.2022 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега