„Дивеење“ низ Чаир: Скопјанец искршил излог - едно лице заврши во болница
Скопјанец „дивеел“ во угостителски објект во Чаир, притоа се повредило едно лице.
- На 29.01.2024 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ш.А.(40) од Скопје. Тој се сомничи дека во текот на денот во угостителски објект на подрачје на Чаир, сопственост на М.Б.(56) од Скопје, со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и упатил закани на сопственикот. Притоа, со повреди се здобил М.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
30.01.2024 - 17:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа