Дисциплинска постапка за началникот на МВР кој го поддржува Хамас
Одделот за внатрешна контрола при МВР постапува по случајот со полицискиот службеник Аднан Синани по неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел и против него ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции, соопштуваат од МВР, пренесе Телма.
„Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен. Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ. Апелираме за решенија преку дијалог“, велат од МВР.
Инаку Синани од профил на Фејсбук под псевдоним изразувал поддршка на нападите на палестинските милитанти Хамас врз Израел.. Синани е началник на Одделот во МВР кој се грижи за обезбедување на функционерите во државата, како и за високи странски делегации..
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа